×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Нова донација од Амбасадата на НР Кина за Крива Паланка

    07.06.2023 17:02 | Жаклина Цветковска

    Амбасадата на НР Кина во Македонија донираше 365.000 денари на Општина Крива Паланка со кои се набавени 105 корпи за отпадоци.

    Нова донација од Амбасадата на НР Кина за Крива Паланка

    Градоначалникот Сашко Митовски се заблагодари за донацијата на амбасадорот Џанг Ѕуо, кој денеска престојуваше во официјална посета на општината и за поддршката која се дава во континуитет.

    „Оваа соработка и поддршка што трае една деценија  придонесува за подобрување на квалитетот на животот на локалната заедница и населението во Крива Паланка. Од Амбасадата на Кина досега имаме добиено донацијата на минибусот што сѐ уште се користи и допринесува за реализација на потребите на сите граѓани на општината, потоа донација на детското урбано катче со реквизити за игра и забава на најмладите, прво од ваков вид во Крива Паланка, како и последната донација на корпите за отпадоци распоредени во кејот на Крива Река, покрај патот кон манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ и долж пешачко - рекреативната патека во Бабин Дол“, истакна Митовски.

    Овие донации даваат придонес за  реализација на општинските  планови и програми за развој, меѓу кои и за еден од врвните приоритети - чиста и зелена Крива Паланка.

    Дополнително, од сопствени буџетски средства општината набави уште 90 корпи за отпадоци во вредност од 298.000 денари.