Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Главната улица во Крива Паланка ќе добие нови тротоари, со што кој ќе се зголеми безбедноста на граѓаните во овој реон на градот.
Градежните работи за изградба на новите тротоари на главната улица започнаа од клучката кај влезот во градот сѐ до градинката „Детелинка“.
Локалната самоуправа реализира проекти за урбан и модерен лик на градот. Покрај овие нови тротоарски површини, истиот потег ќе биде разубавен со дрворед, односно ќе бидат засадени садници јавор платан, информираат од општината.