×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Обезбедена нова опрема за противпожарните единици од Крива Паланка и Ранковце

    21.04.2022 19:34 | Жаклина Цветковска

    Противпожарните единици на Крива Паланка и Ранковце добија нова техничка опрема со која се зајакнуваат капацитетите и ефикасноста на интервенциите на пожарникарите од овој регион.

    Обезбедена нова опрема за противпожарните единици од Крива Паланка и Ранковце

    Станува збор за техничка опрема за интервенции во случаи на елементарни непогоди, која е обезбедена во рамките на меѓуопштинскиот проект „Безбедни граѓани и заштитени ресурси како предуслов за оддржлив развој“, по јавен повик на УНДП и со финасиска поддршка од Бирото за регионален развој и МЛС.

    „Преку овој проект, двете противпожарни друштва се опремија со машини за сечење на стакло, моторни пумпи за испумпување на вода, дувалка за гасење пожар, мултифункционална пила за сечење, напртњачи за вода, убодни пили за сечење на метал и бетон, провпожарни црева, огноотпорни чизми и дрон за снимање на терен за двете противпожарни друштва“, информираше командирот на ТППЕ Крива Паланка Иле Коцевски при презентација на опремата пред градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски и други претставници од општината.

    Меѓуопштинскиот проект за унапредување на противпожарните единици од Крива Паланка и Ранковце опфаќа и креирање на мобилна апликација за дојава и алармирање за пожари и други непогоди, како и изработка на функционална стратегија за кризен менаџмент за целиот микрорегион Крива Паланка-Ранковце заради интегриран пристап на заедниците во случај на елементарни непогоди.

    „Со донации од Владата и општинскиот буџет, Противпожарната единицата е во добра состојба, но се уште има потреба од осовременување на техничката опрема. Кривопаланечките пожарникари досега ја потврдиле својата способност и пожртвуваност и секогаш ќе ја имаат поддршката од општината“, посочи Митовски.