×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Обезбедени стипендии за ученици со попреченост во Крива Паланка

    02.11.2021 18:10 | Жаклина Цветковска

    Вкупно 10 ученици со попреченост, кои се вклучени во редовната настава во основните училишта „Јоаким Крчовски“ и „Илинден“ од Крива Паланка, ќе добиваат стипендија за учебната 2021/2022 година.

    Обезбедени стипендии за ученици со попреченост во Крива Паланка

    Стипендиите се обезбедени во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, што го реализира Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“, во партнерство со здруженијата „Инклузива“ и „Хендимак“, а во соработка со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието.

    Имено, продолжени се 3 договори за стипендирање на основци со попреченост, кои оствариле право на стипендирање во минатата учебна 2020/21, инаку првооделенци и ученици од второ одделение од двете основни училишта во Крива Паланка. Истовремено, доделени се и 7 нови стипендии за ученици со попреченост од прво одделение, кои се вклучени во редовниот процес на образованието.
     
    Договорите ги потпишаа нивните родители, а учениците ќе добиваат по 50 евра месечно, во текот на десет месеци во учебната година. Продолжувањето на поддршката ќе зависи од редовноста на ученикот во училиштето и успешниот премин во следното одделение.