Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Завршена е реконструкцијата на стариот пат на делницата од селата Младо Нагоричане до Зебрњак. Патот е е во должина од 4.2 километри и широчина од 5,2 метри.
„Ова е проект на ЈП за државни патишта и е многу значаен за општината Старо Нагоричане, затоа што месното население гравитира на тој дел и има голема фреквенција на возила. Патот од како е направен пред повеќе од 50 години не е поправан и беше многу оштетен, со големи дупки и не беше безбеден за движење. Секако, сега транспортот на добиток и земјоделски производи ќе биде многу полесен и побрз за населението, па и задоволството е големо кај оние за кои е наменет овој пат“, изјави Бобан Цветановски, заменик градоначалник на Општина Старо Нагоричане.
За реализација на овој проект се потрошени некаде од 40 до 50 милиони денари, средства на јавното претпријатие.
Истовремено беше реконструиран и патот Драгоманце - Жегљане со вкупна должина од 2.750 метри.