×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Поддршка и помош за семејствата на изгорените куќи во Кратово

    14.03.2024 22:09 | Жаклина Цветковска

    Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и градоначалникот на Кратово Тодорче Николовски денеска ги посетија семејствата на опожарените куќи-лепенки, кои останаа без покрив на глава, откако пламените јазици ги пеплосаа нивните домови во понеделникот.

    Поддршка и помош за семејствата на изгорените куќи во Кратово

    Министерот Тошковски, потенцира дека во пожарот настрадал домот на семеството на полицаецот Зоран Стојановски, кој изгубил се што целиот живот го градел од полициската плата.

    Покрај изгубениот дом, нарушена е и нивната животна егзистенција, но тој ги уверил дека нема да бидат оставени сами.

    „Солидарноста отсекогаш била карактеристика на полициските службеници и во таа насока испратив телеграма до сите вработени во Министерството за внатрешни работи, со која ги повикав на доброволна основа да донираат средства кои во овие моменти се неопходни за нашиот колега да го обнови својот дом“, истакнува Тошковски.

    Општина Кратово, пак, од својот буџет ќе исплати по 50.000 денари на двете семејства, а на наредната седница на Советот ќе се донесе Одлука за доделување на градежен материјал за обновување на куќите.

    И вработените во Oпштината ќе се приклучат кон донациите за обнова на сејните домови, а ги повикуваат и сите општествено одговорни компании да помогнат секој во доменот на своите можности.

    „Бараме поддршка и од граѓаните на општината, но и од целата држава, со цел да се обноват домовите на овие семејства“, апелираат од општината.

    Министерот Тошковски и градоначалникот Николовски ги повикаа сите хумани граѓани во рамки на своите можности да помогнат и да донираат средства на следните трансакциски сметки: 
    300007082346687, Комерцијална банка, Зоран Стојановски, 070/302-533,

    320500028907242 Централна коопетаривна банка АД Скопје, Валентина Лазаревска, 071 708 517.