Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кинескиот амбасадор на НР Кина во Македонија Џанг Ѕуо, кој денеска престојуваше во Крива Паланка, најави дека ќе ја промовира општината во неговата земја за да привлечат што повеќе кинески туристи, кои би ги посетиле туристичките локалитети и би се запознале со локалната традиција и култура.
„Крива Паланка била важен дел од патот на свилата, а местото изобилува со прекрасни туристички потенцијали, како што е манастирот „Свети Јоаким Осоговски“. Затоа, јас би сакал да го промовирам ова место пред кинеските
локални влади, а кинеските туристи да го посетат овој прекрасен град и да ја пробаат вкусната храна“, рече амбасадорот Ѕуо.
На средбата со градоначалникот Борјанчо Мицевски разговарале за повеќе теми на кои е договорена соработка во повеќе области.
„Имаме голем простор за соработка, особено во областа на културата, спортот, образованието и младите, а посебно е можно продлабочување на соработката во производството на соларна енергија и фотоволтаици,“ изјави градоначалникот Мицевски.
Поддршка беше најавена и во делот на пинг-понгот и каратето, како спортови кои во Крива Паланка имаат долга традиција и голем број млади спортисти, кои се реперезентативци и носители на домашни и меѓународни титули.
Амбасадор Ѕуо истакна и дека НР Кина ја поддржува Македонија во справувањето со коронавирусот и дека досега во три наврати има обезбедено вакцини, дел донации, а дел купени.