×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Познати кандидатите за градоначалници и во останатите општини од Североисточниот регион

    01.09.2021 10:18 | Жаклина Цветковска

    Паритиите ги објавија речиси сите имиња на кандидатите за градоначалници на локалните избори, а меѓу претендентите за идната локална власт има и некои изненадувања, но и досега партиски неекспонирани личности.

    Познати кандидатите за градоначалници и во останатите општини од Североисточниот регион

    Во Крива Паланка довербата од централата на СДСМ ја доби Сашко Митовски, актуелен секретар на општинската организација, иако очекувањата беа дека актуелниот градоначалник Борјанчо Мицевски ќе добие упште еден мандат, посебно по изјавите на генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски дека општината во изминатите години се гради, развива и напредува како никогаш досега.

    Митовски е дипломиран економист, познат како успешен бизнисмен и сопственик на угостителскиот комплекс „Воденица 3“ и локалот „Селект“. Засега, тој е единствениот официјализиран партиски кандидат. ВМРО-ДПМНЕ се уште го нема објавено својот кандидат, се очекува тоа да го стори до крајот на неделата, а во оваа општина нема независни кандидатури.

    Во Кратово тројца кандидати за градоначалници ќе се борат за освојување на новата локална власт, а оваа општина ги има и најмладите кандидати. Кандидатот на СДСМ Влатко Бојковски е најмладиот градоначалнички кандидат, инаку дипломиран инжинер по информатика, со искуство во приватни компании, а во претходниот период ангажиран и во ИТ секторот во централата на партијата.

    Негов противкандидат е Тодорчо Николовски, предложен од Социјалистичката партија, која оди во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.
    Николовски е дипломиран правник, вработен во општината , со претходно искуство на Хидросистемот „Злетовица“.

    Во оваа општина, во градоначалничката трка влегува и поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Марјанчо Колевски, овојпат како независен кадидат.

    И во општина Ранковце има тројца кандидати за градоначалници. Нов мандат ќе бара актуелниот градоначалник Ивица Тошевски, кој на претходните локални избори ја однесе победата како независен кандидат, но поддржан од СДСМ. На овие избори оди без партиска поддршка, а покрај сопствената независна кандидатура има и своја независна советничка листа.

    СДСМ ќе настапи со кандидатот Даниел Крстевски, правник, вработен во УЈП Крива Паланка, кој беше и претседател на ОИК Ранковце. Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, пак, е Борче Спасовски, досега партиски неекспониран, инаку познат како успешен стопанственик во Ранковце.

    Во Општина Старо Нагоричане кандидатка за уште еден мандат е актуелната градоначалничка Жаклина Јовановска.