×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пратениците од власта не го прифатија предлогот на Левица да си ги намалат патните трошоци

    12.02.2025 20:02 | KumanovoNews

    Пратениците од владејачкото мнозинство не го прифатија предлогот на Левица на дневен ред на седница да се најде точка за намалување на патните трошоци.

    Пратениците од власта не го прифатија предлогот на Левица да си ги намалат патните трошоци

    За да биде ставен на дневен ред предлогот за измени на Законот за пратениците, „за“ гласаа само 22 пратеници од Левица и СДСМ и коалицијата.

    Предлогот на Левица беше патните трошоци на пратениците да се пресметуваат според пазарната цена на 6,5 литри гориво на секои изминати 100 километри, место како досега по 20 проценти од малопродажната цена на горивото по километар.

    Од Левица велат дека нивниот предлог е „далеку пореално и рационално решение и ќе стави крај на астрономските суми кои пратениците ги земаат од државниот буџет“. Оттаму додаваат дека им одговара и целосно укинување на патните трошоци за пратениците, но за да биде прифатливо за мнозинството, го предложиле законот во оваа форма.