Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општинско корисната работа во Крива Паланка и годинава е насочена кон помош и поддршка на ранливите категории лица, кои ќе добиваат повеќе услуги од стручни лица, а градоначалникот Борјанчо Мицевски, денеска ги додели договорите на ангажираните во новиот циклус активности од оваа програма.
Годинава, според програмата, вклучени се двајца воспитувачи, еден негувател и еден музички аниматор во ОЈУДГ „Детелинка“ Крива Паланка, како и тројца фасилитатори односно истражувачи на терен на неевидентирани социјално загрозени лица и жени жртви на семејно насилство.
Програмата за општинско корисна работа е поддржана од УНДП, МТСП, АВРМ и Општина Крива Палaнка, која обезбедува 20% од потребните средства за реализација на активностите што треба да бидат завршени до крајот на месец мај 2022 година.
Во претходните проектни циклуси активностите беа насочени на нега и грижа за стари лица во домашни услови и ангажирање на воспитно- образовни асистенти во основните и во средното училиште. Овие активности, насочени кон ранливите категории на граѓаните, Општина Крива Паланка ги продолжува во рамки и на други програми.