Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кино салата на Националната установа Центар за култура од Крива Паланка доби нов изглед со реконструкција која е извршена после неколку децении.
Извршена е санација и обнова на целокупниот ентериер на салата со нови гардероби, соблекувални, сцена и модерен систем за осветлување.
„Оваа сала е единствена во градот што служи за масовни и значајни манифестации, а со обновата добивме репрезентативен објект за настани и услови за разновидни културни содржини“, истакна градоначалникот на Крива Паланка“, Сашко Митовски.
Вредноста на инвестицијата изнесува 4 милиони денари обезбедени од Министерство за локална самоуправа-Биро за регионален развој, Програма за урбани подрачја и кофинанисрање од општината во висина од 450.000 денари.
Салата свечено беше пуштена во употреба по повод Денот на ослободувањето на Крива Паланка 8 Октомври.