Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Тука сме да ja поздравиме динамиката на изведбата на градежните работи на оваа делница, која е дел од Коридорот 8, чија доизградба заедно со Коридорот 10-д, е најголемиот инфраструктурен проект на нашата држава досега, кажа премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерот Благој Бочварски и директорот Ејуп Рустеми, денеска, беа на увид на градежните активности на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка.
Вкупната вредност на изведбата е 62,5 милиони евра, средства обезбедени од Светска банка.
„Со нашето доаѓање овде, на увид во изведбата и реализацијата на патниот правец Крива Паланка-Длабочица-Страцин како дел од меѓународниот Коридор 8, сакаме да испратиме порака дека обезбедувањето на модерни патишта, градени според европски стандарди е нашиот приоритет број еден во остварувањето на нашата стратешка цел, а тоа е побрзо патно поврзување на државата со регионот и светот и нејзино претворање во современа инфраструктурна, инвеститорска и економска крстосница“, истакна премиерот Ковачевски, кој очекува реализацијата на оваа делница да се заврши до средината на следната година.
Тој нагласи дека изведбата на делниците кои се дел од Коридорот 8 ќе донесат далекусежни придобивки за нашите граѓани бидејќи ќе ја поврзат нашата држава со пристаништето Варна на исток и пристаништето во Драч на запад. Тоа ќе помогнеме на нашата држава во обезбедувањето на нови работни места и отворање на нови компании, кои ќе бидат конкурентни на светските пазари.
„Започна изградбата и на железничката пруга од Коридорот 8, инвестиција вредна преку 600 милиони евра. За прв пат ја поврзуваме нашата држава со запад и исток, како надополнување на патната инфраструктура на потегот север-југ. Вложуваме огромни инвестиции и ги потврдуваме нашите добрососедски политики кои се врвот на нашата агенда на патот кон евроинтеграциите. Вложуваме во сигурни, модерни и безбедни патишта затоа што се грижиме за нашите граѓани, нашата држава и нејзиното позиционирање на светската транспортна рута“ рече премиерот Ковачевски.
На настанот присуствуваа и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, како и градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски.