×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Со надградба на градинката во Крива Паланка ќе бидат згрижени уште 102 дечиња 

    15.10.2021 10:45 | Жаклина Цветковска

    Со изградбата на новиот кат на постојниот објект „Поточиња“, на градинката „Детелинка“, во центарот на Крива Паланка,  се зголемува  капацитетот за згрижување на деца од предучилишна возраст за 102 нови места, истакна министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска при посетата на оваа предучилишна установа.

    Со надградба на градинката во Крива Паланка ќе бидат згрижени уште 102 дечиња 

    Објектот кој е изграден во 1972 година добива уште пет нови занимални, од кои една е наменета за деца до двегодишна возраст, а останатите четири се за хетерогени групи од две до шестгодишна возраст. 

    „Објектот се изведува според најновите стандарди со што се овозможува заштита на животната средина, бидејќи со градежните зафати се предвидува и замена на застарениот систем за греење на дрва, со нов современ систем за греење на пелети, подвлече Шахпаска.

    Вкупната инвестиција на Министерството за труд и социјална политика во надградба на објектот изнесува над 26 милиони денари, од кои речиси 22 милион денари се вложени во градежните работи, а околу 4,3 милиони денари ќе бидат вложени во набавка на мебел и опрема. Дополнителна финансиска поддршка обезбеди и општината Крива Паланка, во износ од речиси 1,9 милиони денари. 

    Шахпаска посочи дека социјалната реформа дава резултати во сите градови низ земјава, овозможувајќи придобивки за граѓаните.

     „Се грижиме создавањето соодветни услови за децата да има еднаква распространетост во земјата, бидејќи за нас секое дете е важно и треба да добие еднакви услови за развој. Навистина сме горди што заедно со општините реализиравме многу проекти, а денес во Крива Паланка сме сведоци на уште еден таков проект, каде наскоро ќе можат најмладите од овој град да бидат згрижени, да се дружат и да се развиваат“, изјави Шахпаска.

    Градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски рече дека со ова се исполнува уште едно дадено ветување кон граѓаните на Крива Паланка, со кое повеќе нема да има листи на чекање за запишување на децата во градинка во овој дел од нашата општина. 

    „Во следната фаза од изградбата посебно внимание ќе се посвети на опремувањето на новата градинка со кое просторот во кој децата ќе престојуваат треба да биде уреден согласно нивните потреби за движење и поттикнување на учење преку игра“, рече  Мицевски.

    Проектот за подобрување на социјалните услуги и сеопфатната социјалната реформа, која ја спроведуваат Владата и Министерството за труд и социјална политика, со поддршка од Светската банка, има за цел да го зголеми опфатот на деца во градинките и да ги подобри условите во системот за предучилишно згрижување и воспитување ширум целата земја.