Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Крива Паланка денеска свечено отпочнаа работите на изградба на улицата „Вршачка“ во населбата Долно Грамаѓе за чија реализацијата средствата се обезбедени со поддршка на ТАВ програмата.
На отпочнувањето на градежните работи присуствуваа директорот на ТАВ Македонија, Метин Батак и вицепремиерот за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, придружувани од градоначалникот Борјанчо Мицевски.
Вкупната инвестиција изнесува близу 150.000 евра, а новата улица ќе биде пуштена во употреба за еден месец. Општина Крива Паланка преку ТАВ програмата ќе добие поддршка и за изградба на улици во населбите „Чивлик“ и „Мизовски ливади“ за коишто вкупната поддршка, заедно со улицата „Вршачка“ е околу 465 илјади евра.
„Нашата цел е јасна - рамномерен регионален развој и подигнување на животниот стандард. Ова се проекти директно за граѓаните, за подобри услови за живот во секоја општина, затоа што развиени општини значат и развиена економија“, истакна вицепремиерот Николовски.