Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Старо Нагоричане деновиве се спроведе акција за поставување на урбана опрема во центарот на селото, која е исклучиво од природни и еколошки материјали.
Активностите се релизирани преку проектот „Еко плоштад“ на Локалната акциска група(ЛАГ) Абер 2015, на иницијатива на Мрежата за рурален развој со „Програмата за развој на зедниците“, финансирана од УСАИД Северна Македонија.
„Уредување на зеленилото на плоштадот во Старо Нагоричане, поставување на тајмери за штедење на електрична енергија која се користи за уличното осветлување во општината, замена на дотрајаните дрвени клупи со поставување на нови, украсување и обложување со дрвени елементи на седиштата кои се дел од амфитетарот на плоштадот, поставување на нови дрвени кантички за отпадоци, поставување на нова автобуска постојка, за прв пат во центарот на селото и друга урбана опрема за потребите на полициската станица и локалниот селски маркет беа главните активности на ова проектна иницијатива“, изјави Драган Чунгурски, координатор на УСАИД проектот „Програма за развој на заедници" кој се имплементира на територија на ЛАГ АБЕР 2015.
Со тајмерот на уличните светилки се штеди на електрична енергија, а во целиот проект се користени природни, рециклирани и еколошки материјали. Целта на ваквиот проект е урбанизација и добивање на целосен визуелен лик кој ќе привлече поголем број на посетители, и на организирани свечености и индивидуални излетнички прошетки. Воедно туристите ќе имаат можност за одмор од посетите на локалитетите и во Старо Нагоричане и во околните локалитети.
И за во иднина се планирани вакви еко-акции за расчистување на јавни прометни површини во различни општини и населени места во оклината на Куманово и Старо Нагоричане. Проектот „Програма за развој на заедниците“ ќе се имплементира во наредните 5 години, со подршка на граѓанскиот и бизнис секторот.
Во реализација на преоктот придонес дадоа и локалните фирми: Евроскомерц, ФАМ инжинеринг, Општина Старо Нагоричане, ЈКП Козјак, здружението „ЕКО ТИМ“ и Проектантско урбанистичко биро СТАН АРТ- Куманово, Мрежата за рурален развој на Општина Куманово.