×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Свечено пуштен во употреба новиот Градски плоштад во Крива Паланка

    03.09.2021 17:19 | Жаклина Цветковска

    Целосно редизајнираниот нов Градски плоштад во Крива Паланка, денеска свечено беше пуштен во употреба во присуство на бројни гости и претставници од Владата на РМ, градоначалници од соседните општини и од пограничните градови од Србија.

    Свечено пуштен во употреба новиот Градски плоштад во Крива Паланка

    Вкупна инвестиција за овој капитален проект изнесува околу 48 милиони денари, обезбедени опреку Инструментот за претпристапна помош (ИПА 2) од ЕУ, со кофинансирање на Владата на РМ, а финансиските средства се менаџирани од Канцеларијата на Светска банка во Македонија. Општина Крива Паланка, пак, учествува со средства во висина од околу 6,6 милиони денари.

    „Со новиот Градски плоштад и Градскиот парк Крива Паланка го менува својот урбан лик, а како централна точка на Коридорот 8 очекуваме забрзан развој и привлекување на туристи. Овој град има богато минато, а за идните генерации оставаме капитални проекти што ја прават општината европско место“, посочи градоначалникот Борјанчо Мицевски.

    Проектот, насловен како Крива Паланка-Источна порта на Европа- туристичка фестивалска атракција, опфаќа целосно редизајнирање на постоечкиот плоштад, со отворени сцени, амфитеатар, поврзување со кејот на Крива Река, зелени и урбани површини и други објекти.

    „Овој локалитет ќе биде нов заштитен знак на мојот роден град, а одговорноста и оправданоста е во унапредувањето на културниот и урбан развој и социјалниот живот на населението од Североисточникот регион, кој во претходниот период целосно беше запоставен“, истакна потпретседателот на Владата за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски.

    Проектните активности се одвиваа преку Канцеларијата на Проектот за локална и регионална конкурентност и ресорот за економски прашања и ресурси предводен од потпретседателот Битиќи.

    Во рамките на овој проект опфатени се вкупно 57 проекти за 10 туристички дестинации. Вкупната инвестиција изнесува 21 милион евра, насочени кон рамномерниот регионален развој и зајакнување и развивање на туристичките капацитети и потенцијали. Со измените за финансиска поддршка за инвеститорите, односно со новата мерка се добива 60% поголема финансиска поддршка доколку се инвестира во Североисточниот регион.

    На свеченоста присуствуваа и министрите Фатмир Битиќи и Оливер Спасовски, директорката на Проектната канцеларија на Проектот за локална и регионална конкурентност Антонија Шишак и голем број други гости.