×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Утре блокада на патот кон Бугарија, ќе протестираат жителите на Страцин

    30.03.2023 18:51 | Жаклина Цветковска

    Магистралниот пат  Куманово - Крива Паланка,  утре од 11 часот ќе биде блокиран кај клучката Чатал во селото Страцин, поради протест на жителите на кои им бил оневозможен пристап и сообраќај преку постоечкиот локален пат.

    Утре блокада на патот кон Бугарија, ќе протестираат жителите на Страцин

    Тие се незадоволни што со изградбата на експресниот пат Ранковце - Крива Паланка им бил попречен пристапот преку локалниот патен правец кој го користеле за движење со земјоделски машини и со добитокот. Поради работите на теренот и блокираниот локален пат сега се принудени да се движат по магистралата Куманово - Ранковце - Крива Паланка.

    „Локалниот пат ни е неопходен за пристап до селото и извршување на нашите секодневни потреби. Сега не можеме да го користиме, треба да преминуваме од една до друга страна, да ризикуваме возејќи преку фрекфентната делница кон Бугарија. Јавното претпријатие за државни патишта ни вети дека ќе го реши проблемот, но  ништо од тоа. Затоа, утре ќе излеземе со трактори кај клучката на местото викано Чатал и ќе бараме од надлежните решение во најкраток рок“, велат незадоволните жители од Страцин.

    Патниот правец кон Бугарија ќе биде затворен за сите возила, а ќе се пропуштаат, како што велат жителите, само возила за итни ситуации.

    Населението од ова кратовско село очекува поддршка на нивниот протест  и од жителите од Куманово, Ранковце  и Крива Паланка, кои го користат овој локален пат.

    Добро упатени извори од теренот, пак, велат дека локалниот пат е блокиран само привремено поради градежните работи и откако тие ќе бидат заршени овој патен правец повторно ќе биде ставен во функција и ќе може непречено да се користи.