×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во кумановските и липковските средни училишта има место за упис на 2300 ученици во прва година

    31.03.2023 16:10 | Оливера Пешевска

    За упис во прва година во средните училишта во општините Куманово и Липково има слободни места за вкупно 2298 ученика. Од нив 2128 се за во четирите кумановски училишта, а 170 места во липковската гимназија. 

    Во кумановските и липковските средни училишта има место за упис на 2300 ученици во прва година

    Според  конкурсот на Министерството за образование и наука(МОН), најмногу ученици вкупно 637 ученика во 19 паралелки ќе се запишат во Техничкото училиште „Наце Буѓони“. Од нив 297 ќе следат настава на македонски јазик, а 340 на албански јазик.

    „Во нашето училиште секогаш има голема заинтересираност и се бара место повеќе на здравствената струка и на насоката за електротехничар за компјутерска техника и автоматика. Најмалку деца поднесуваат документи на насоките со трет степен на образование и таму секоја година останува по некое столче слободно“, изјави Драган Јаневски, директор на Техничкото училиште „Наце Буѓони“.

    Останатите стручни училишта во Куманово „Перо Наков“ и „Киро Бурназ“ ќе ги отворат вратите за 529, односно 384  ученика.  За економските науки настава ќе се организира за 286 ученика во 10 паралеки  на македонски јазик и  243 во 9 паралелки на албански јазик. Во училиштето во Којнаре ќе имаат можност да се запишат 250 ученика во 10 паралелки на македонски и 134 во 5 паралелки на албански наставен јазик.

    На конкурсот на официјалната страница на МОН нема отворени места за фармацевската струка што лани беше воведена во Киро Бурназ и за која имаше голем интерес кај деветооделенците. Но, во здравствената струка се воведува нов смер - дентален асистент со 2 паралелки со по 25 ученика, едната на македонски, втората на албански јазик.

    Во Гимназијата „Гоце Делчев“ има место за 340 ученика во 10 паралелки и тоа една  на српски јазик, една билингвалната паралелка со настава на македонско-француски јазик и останатите 272 поделени во 8 паралелки со настава на македонски јазик.

    Во „Сами Фрашери“, за гимназиско образование со настава на албански јазик, пак, има слободни 238 места во 7 паралелки.

    Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок со две пријавувања во месец јуни. Пријавувањето на учениците ќе се врши преку електронско аплицирање, преку линк до порталот за електронски услуги на МОН. Првото пријавување на учениците ќе се врши на 20 јуни и на 21 јуни 2023 година. Ранг листата на запишани ученици се објавува веќе следниот ден на 22 јуни 2023 година.