×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Старо Нагоричане СДСМ со најмногу гласови за градоначалник и за советничката листа

    18.10.2021 09:36 | Сузана Николиќ

    Актуелната градоначалничка на Старо Нагоричане и кандидатка за втор мандат Жаклина Јовановска од СДСМ, за 9 гласа ја изгуби победата во првиот круг на локалните избори. 

    Во Старо Нагоричане СДСМ со најмногу гласови за градоначалник и за советничката листа

    Според податоците на ДИК, Јовановска освои 49,56 отсто или 949 гласови, зад неа е кандидатот на ТМРО Власте Димковиќ со 510 гласови или 26,63 отсто поддршка од гласачите, а последен е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Велибор Денковски.

    Во вториот круг на изборите ќе влезат Јовановска и Димковиќ.

    Во однос на Советот  СДСМ освои 39,43% или 755 гласа, ТМРО 20% или 383 гласа, ВМРО-ДПМНЕ 15.56% или 298 гласа, ГИ Бојан Трајковски 8,62% или 165 гласа, ЕМ 4,54% или 87 гласа, Левица со 3,45 или 66 гласа и Интегра со 2,82% со 54 гласа.

    2008 - 2022 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk