Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во 2023-та година како Европска година на вештините, младите од Куманово, Крива Паланка и Кратово ни ги откриваат новите лица на вештини преку едукативни пораки и креативни перформанси, отворајќи нови младински перспективи.
Нови информации, споделување искуства и преземање акција беше целта на панел дискусиите од областа на електротехниката, медицината и гастрономијата кои ги разменија младите од овие три општини, во организација на Европската куќа (EU House) од Крива Паланка.
Нивните перспективи и иновации претставени преку преку техниката која нѐ води напред, медицината како универзален приоритет и традиционалните вкусови што не се забораваат, младите ги пренесоа преку своите пораки на изложбата насловена како „Новото лице на вештините - младински перспективи).
Изложбата е креирана од младиот уметник Роберт Крстевски од Крива Паланка и тематски ги обработува вештините на младите од Североисточниот регион, иднината на работните места, заборавените професии како и професиите на иднината.
Во овој проект беа вклучени 18 млади лица од Крива Паланка, Куманово и Кратово, кои како нови лица на вештините праќаат силна порака да општеството.
Иднината на технологијата која носи напредок, како и градењето вештини во светот на техниката
ги претставија ученичките Ангела Денковиќ и Нина Додиќ од СОУ„Наце Буѓони“ од Куманово. Еве
што тие им порачаа на своите врсници.
За медицината како предизвик и за хуманоста како најголема човекова вредност инспирира штотуку дипломираната докторка Марија Крстевска од Крива Паланка, која ги охрабрува младите да ги изучуваат вештините во здравствениот сектор.
Пораката за кулинарскиот шарм и иднината на гастрономската професија како традиција, автентичност и идентитет ни ја претставува младата Меланија Митевска, ученичка во СОУ „Митко Пенџуклиски“ од Кратово.
Новите лица на вештините нудат перспективи и ентузијазам да истражувате, да се осмелите и да ги вкусите новите предизвици кои ве поврзуваат во иднината.