×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Жителите од Североисточниот регион можат да аплицираат за субвенции за клими

    31.01.2024 15:18 | Оливера Пешевска

    Министерството за економија ја објави програмата за субвенционирање за енергетска ефикасност на домаќинствата која годинава е проширена и за неа се издвоени повеќе од четири милиони евра. Планирано е да се поделат над 7.000 ваучери.

    Жителите од Североисточниот регион можат да аплицираат за субвенции за клими

    Пријавувањето ќе започне утре и ќе трае во наредните 20 дена, со можност за дополнително продолжување од 15 дена, а ваучерите ќе се издаваат по принципот „прв дојден- прв услужен“. Едно лице од едно домаќинство може да поднесе само едно барање за доделување потврда-ваучер за купување и вградување високоефикасни инвертер клима-уреди а побарувањето може да биде само за една од двете програми.

    Домаќинствата од Североисточниот регион, заедно со оние од Скопскиот, Источниот, Југоисточниот, Вардарскиот и Полошкиот Регион ќе добијат ваучери во износ од 23 илјади денари со вклучен ДДВ.

    Условите за овие две програми се да набавениот уред задолжително има минимум COP 3.0, да грее на надворешна температура од -15 Целзиусови степени, да биде најмалку А+ енергетска класа за потрошувачка на електрична енергија и да биде набавен најдоцна до 30 ноември годинава на адреса наведена во доставеното барање.

    За да го остварат правото на учество по овој јавен оглас, домаќинствата во изминатите три календарски години треба да не користеле средства од кој било извор за надомест на трошоци за грејни уреди - печки на пелети или високоефикасни инвертер клима-уреди и  да немаат приклучок на градско централно греење во станбениот објект каде што ќе биде инсталиран уредот.