×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Fiore

    Константин Јосевски – млада надеж на шахот во Куманово

    30.01.2024 13:55 | Теодора Стоевска

    Младиот шахист Константин Јосевски од Куманово има 12 години и освоил исто толку медали од кои 7 златни, 2 сребрени, 3 бронзени и 2 пехари.

    Константин Јосевски – млада надеж на шахот во Куманово

    Талентираниот Константин ниже успеси во светот на шахот и досега се има натпреварувано на повеќе од 50 натпревари од кои најмногу во Скопје, потоа Битола, Прилеп, Охрид, како и во соседна Србија. Имал закажани натпревари и во други земји надвор од Македонија, но поради ковид пандемијата истите биле откажани, меѓутоа тоа не го спречило во својата намера да игра шах онлајн со противници од целиот свет.

    Константин е седмооделенец, одличен ученик во училиштето „Браќа Миладиновци“ во Куманово, кој уште од најрана возраст изразил желба да научи да игра шах.

    „Се заинтересирав за шаховската игра кога имав 8 години и кога дознав дека во моето училиште ќе се одржува натпревар по шах. Сакав и јас да се пријавим, но не знаев да играм. Сепак, желбата беше толку голема што научив да играм за половина ден, учествував на училишниот натпревар и го освоил второ место“, вели талентираниот шахист Константин.

    По овој натпревар се запишал во Градскиот шаховски клуб во Куманово каде почнал да ги надоградува своите вештини и знаења.

    „Во моето семејство за жал никој не игра шах, освен јас, па така често играм на телефон, компјутер или читам книги за шах“, истакнува младиот шахист.

    Вели дека оваа вештина ја тренира константно секој ден, а за зимскиот распуст има изиграно преку 800 партии за неколку дена, но покрај тоа тренира и фудбал.

    Претходно две години тренирал кошарка, па така кога не игра шах слободното време го искористува играјќи некој од овие два спорта.

    „Освен шахот голема љубов ми е математиката, најверојатно поради поврзаноста со шахот. И таму има многу размислување и пресметување исто како и во шахот. Се случува еден потег да мислам и по 40 минути, а понекогаш мислам и по 10 потези однапред“ посочува младиот талент. Константин досега има играно и се натпреварувал во стандард, рапид и блиц. 

    Според него, стандард е најтежок за играње, затоа што партиите се долги и напорни. Бидејќи на секој натпревар стандард се запишуваат потезите, вели дека подоцна секогаш ја анализира играта, како играл противникот, каде погрешил тој самиот и како да се поправи. На ФИДЕ рејтингот во стандард и рапид има 1300 рејтинг поени, а во блиц 1400 поени.

    Меѓу многубројните награди кои ги има освоено најдраги му се освоените први места во својот град Куманово, и тоа на Отвореното кумановско првенство во 2022 година и 2023 година. Потоа, второто место на рапид, категорија до 8 години, во Битола во 2019 година, третото место на Државниот натпревар во Охрид, во категорија до 10 години, во 2020 година, првото место на „Младинското и пионерско градско првенство“ во 2020 година, како и второто и трето место на натпреварот „Млади надежи“ во Скопје и многу други. Но, освен на натпревари по шах, редовно се натрпреварува и на регионални и државни натпревари по математика и биологија.

    Годината кога почнал да се натпреварува бил најактивен, потоа поради ковид пандемијата немало натпревари, но сега е вратен во полн капацитет и подготвен за нови предизвици.

    За шахот вели дека е многу емоционална игра за која треба волја и дисциплина, го смирува, но знае и да го изнервира. Со многуте победи одат и многу порази, а како ги поднесува вели дека зависи од тоа со кого и зошто играл. Омилен играч му е рускиот шаховски велемајстор Даниел Дубов.