×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Kумановка постигнува извонредни резултати во стрелаштвото, ја продолжува машката семејна традиција

    12.11.2022 19:52 | Оливера Пешевска

    Осумнаесетгодишната Ива Дилевска од Куманово само две години се занимава со стрелаштво, а веќе постигнува извонредни резултати на државни натпревари со воздушно и огнено оружје. Ива е единствената членка на Стрелачкиот клуб „Куманово 2000“, а тренира во просторија во Гимназијата „Гоце Делчев“.

    Kумановка постигнува извонредни резултати во стрелаштвото, ја продолжува машката семејна традиција

    Оваа млада девојка досега има освоени повеќе медали во поединечна и екипна конкуренција, но посебно е горда на последното учеството на третиот стрелачки Куп, кој се одржал на стрелиштето на Камник во Скопје.

    „За овој натревар се подготвував две години и вложив многу работа и труд, но се исплатеше. Го освоив првото место во конкуренција жени пиштол на 25 м., и второ екипно место во истата категорија. Посебно ми е драго што имав прилика да учествувам и во дисциплина снајперска тактичка полуавтоматска пушка на 200 м. На големо изненадување, во многу силна конкуренција од 15 врвни стрелци, јас како единствено женско го освоив второто место“, изјави Дилевска.

    Меѓу позначајните нејзини успеси се и второто место со пиштол во поединечна женска конкуренција и прво место во екипна женска конкуренција. Најдобра била и на Државно првенство со воздушно оружје кое се одржало во април годинава. Во истата дисциплина со воздушен пиштол учествувала на Првиот и Вториот куп од натпреварите за 2022 година, на кои што се котирала на прво и второ место. Натпреварите од Купот продолжуваат и до крај на годината, па се надева дека ќе постигне уште повисоки резултати.

    Ива потекнува од семејство каде што стрелаштвото со години наназад се пренесува од генерација на генерација, бидејќи со него се занимавале нејзините татко Владимир и дедо Љубиша. Таа од најмала возраст растела со оружјето и ја наследила љубовта кон спортот, но и знаењето за тоа што значи оружје и како правилно да се ракува со него.

    „Започнав да се занимавам со стелаштво сосема случајно, откако присуствував на тренингот за подготовка за натпреварот „Гранд при 2020“. Толку бев восхитена од начинот на работа, што кај мене се роди љубовта за овој таканаречен „машки спорт“. Сфатив дека сакам да бидам дел од таа приказна. Прво започнав да тренирам во СК „Стрелец“ од Скопје, а сега сум во Куманово. Имам целосна подршка од Македонската спортска стрелачка федерација(МССФ) и од клубот каде што тренирам“, раскажува Ива.

    Таа ја истакнува соработката со Стрелачкиот клуб „Стрелец“ во Скопје, во кој како што вели и денеска вратата и е ширум отворена за секаков вид на помош и подршка. Исто така благодарна е на МССФ и нејзиниот претседател, кои ја обезбедуваат неопходната опрема, меѓу кои и воздушниот пиштол кој го користи. Федерацијата обезбедува и мети, дијаболи и слично за клубовите низ Македонија, како и за организација на сите натпревари. Сепак, најблагодарна е на Посебната единица за поддршка – ПЕП при МВР, на луѓето кои од самиот почеток и дале голема поддршка, несебично го делеле нивното искуство и знаење, и пружиле обука за користење на огнено оружје и помош на тренинзите за учество на натпреварите.

    Младата спортискта апелира до Општината да помогне да се обезбедат технички и финсиски услови за развивање на стрелачкиот спорт во Куманово.

    „Со заеднички сили да поттикнеме иницијатива за развој и омасовување на стрелачкиот спорт во градот, да се обезбедат услови за многу повеќе работа , што би значело можност за поголема селекција и шанса за генерирање на квалитет. Подршката од било каков вид е навистина неопходна, особено поради фактот што овој спорт бара и големи материјално-технички средства за опрема и тренинзи“, вели Ива, ученичка во гимназијата Нова во Скопје.

     

    2008 - 2023 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk