×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Лара Марковиќ, 9-годишно девојче кое воодушевува со свирење на тапан

    17.01.2023 18:36 | KumanovoNews

    Лара Марковиќ, која по татко е со потекло од Куманово, е девојчето кое што свиреше на тапан и предизвика воодушевување кај присутните на прославата на Бадник на Градскиот плоштад во Куманово. Лара е четвртооделенката во ОУ „Коле Неделковски“ во Скопје е една од трите девојчиња во Македонија кои свират на тапан. 

    Лара Марковиќ, 9-годишно девојче кое воодушевува со свирење на тапан

    Овој инструмент е нејзина пасија веќе две години и каде и да се појави претставува атракција, затоа што во нашата народна традиција за тапанот вообичаено се „задолжени“ момчињата и воопшто машките. Љубовта кон традиционалниот инструмент се јавила кога имала 7 години, а првата средба со неговиот звук и начинот на изведба ја доживеала додека ја чекала сестра си од фолклорната секција.

    „Тоа беше на концертот на Детскиот културен центар „Карпош“, каде што настапуваше мојата поголема сестра како играорка. Кога го здогледав детето што свиреше на тапан, добив голема желба и јас да свирам баш на тој инструмент“, вели деветгодишната Лара.

    Бидејќи во Нижото музичко училиште не се изучуваат народни инструменти, Лара почнала да зема приватни часови за да ја совлада вештината на свирење тапани.

    „Благодарение на мојот професор Оливер, јас за многу брзо време научив да свирам на тапан. Потоа продолжив со професорот Тимко на кого сум многу благодарна и со кого свирењето ми поминува многу забавно. А кога ќе пораснам мајка ми ми има ветено дека ќе ме запише да одам на часови во музичкото училиште“, додава малата тапанарка.

    Нејзините настапи не се многубројни, но секогаш кога е поканета оди возбудена и со задоволство и добива многу аплаузи и честитки. Посебно и е драго што е била поканета  да свири на Коледарската средба на Градскиот плоштад во Куманово, каде успеа да го привлече вниманието на кумановската јавност и наиде на многу позитивни критики од публиката.

    „За мене осебно место има настапот со Коледарите во Куманово, кој воедно е и родното место на татко ми. Многу сум им благодарна на Столе и Мартин што ме поканија и упатувам голем поздрав до нив. Сум настапувала и во емисија на национална телевизија, а во училиштето им свирам на учениците. Благодарение на професорката Снежана Балканска, бев и во Турција со фолклорното друштво „Карпош“, каде јас свирам, а сестра ми игра и освоивме прво место“, возбудено раскажува Лара.

    Ова мило и непосредно детенце пресреќно е што постои Дедо Мраз, бидејќи тој и ја исполнил нејзина новогодишна желба и донел тапан. 

    „Е, сега, дали тука има улога и мајка ми, не знам“, со насмевка вели Лара.

    Родителите на Лара на почетокот биле затекнати од нејзината голема желба да свири на тапан, но сепак ја поддржале и горди се што ја продолжува македонската народна музика.

    „Мора да признаме дека првин бевме изненадени, особено што е девојче и што имаше само 7 години. Но, во секој случај ни е мило што е една од трите девојчиња во Македонија, која ја продолжува традицијата и македонската култура. Знае да изненади, таа е посебна. Ја подржуваме и тука сме за неа, а доколку реши професионално да се занимава со тапан и со народни инструменти, дефинитивно ќе продолжи во музичкото училиште. Кога ќе биде 6-то одделение ќе се распрашаме за таа можност“, велат родителите на малата тапанарка.

    Покрај љубовта кон овој народен инструмент, Лара многу го сака и клавирот, а особено има пасија кон јазиците. Уште од својата четврта година самостојно научила да зборува течно и да пишува на руски јазик. 
    Чита книги и гледа серии на руски јазик уште од нејзината четврта година. 

    „Добро го владеам и многу го сакам рускиот јазик, па понекогаш на моите дома им се обраќам на руски. Мајка ми ме подржува, а татко ми вели малку и на англискиот да свртам внимание, бидејќи јас по цел ден само слушам и си учам руски јазик. Учам сама и без помош, така ми е најлесно. Голема желба ми е да студирам и да живеам во Русија“, вели Лара.

    Нејзините родители биле изненадени и кога е во прашање рускиот јазик, па кога првапат ја слушнавме на 4 години, не знаеле воопшто ни кој јазик зборува и од каде го има научено. 

    „Се сама си пронајде на јутjуб. Течно зборува, чита книги и пишува, многу е заинтересирана за рускиот јазик и руската култура. Во нашето училиштето дојде тим на професори по руски јазик и по краток разговор со неа рекоа дека добро го владее, дури за нејзина возрсат и одлично зборува и пишува руски. Бидејќи во училиштето се изучува само англиски и германски јазик, предложија од 6-то ооделение да посетува часови на руски јазик во друго училиште. Кога ќе дојде време, доколку се уште ја држи желбата да студира во Русија, ние и во тоа ќе ја поддржиме“, вели Јелена Марковиќ, мајката на Лара.

    Лара посетувала и часови по пливање, играла одбајка, а некое време одела на балет, а сега моментално оди и на курс по англиски јазик. 

    Во семејството Марковиќ нема никој што свири на овој инструмент, но баба и на Лара, по мајка, е оперска пејачка, која има завршено музичка академија и долги години била во МНТ, а потоа кариерата ја продолжила во Белград. Родителите велат дека можеби ги наследила нејзините гени и љубовта кон музиката.

    Ивана Алексовска

    (фото: кумановоњуз и приватна архива)