×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Меѓународно признание и награда за музиката на Стефан Илиевски од Куманово

    23.06.2024 11:47 | Оливера Пешевска

    Стефан Илиевски (29) од Куманово освои трето место за музика за трејлер на видео игра и  пласман меѓу првите 12 композитори за филмска музика на престижниот Меѓународен натпревар ScoreLive во Лондон.

    Меѓународно признание и награда за музиката на Стефан Илиевски од Куманово

    Неговата композиција ќе ја изведе Шпанската филхармонија на концерт во Мадрид од 22 до 25 јули.

    На натпреварот учествувале повеќе од 700 композитори од целиот свет, кои се пријавиле онлај, а нивната музија ја оценувало стручно жири од Холивуд. Свои претставници имала  и „Варнер Брос“, светски позната компанија за продукција на филмови и забава.

    Стефан е единствениот учесник кој влегол во финалето и освоил награди во две категории, за седум години како постои натпреварот.
    Илиевски е млад музичар, кој создава модерна музика, а со новиот правец почнал да се занимава пред неполна година.

    „Сакав да се опробам во нешто ново, ми се јави некоја внатрешна желба. Отсекогаш сакав и ме привлекуваше голем, симфониски оркестар. Особено филмската музика, даваш карактер на едно дело со нешто свое. Така се решив да се пријавам. Пресреќен сум, ми се отвораат можности да контактирам со најпознатите композитори од светот на филмската музика“, објаснува Стефан.

    Награда за постигнатиот успех е учествуво на семинар во Валенсија, Шпанија од 02 до 18 јули.  Таму ќе го презентира своето дело, а ќе се запознае со Кристофер Јанг, композитор на Спајдермен и многу други филмски хитови, но  и да оствари лични контакти со луѓе од филмската музика.  Ако остави добар впечаток можеби ќе добие шанса да го ангажираат. Таму ќе биде со уште 10 композитори кои  живеат во САД и работат за или со Јанг.

    Неговата композиција ќе ја изведе Шпанската филхармонија во Мадрид на концерт во живо од 22 до 25 јули. Моментално е ангажиран на „распишување“ на ноти, делници, за секој инструмент посебно што ги користел во третопласираната музичка тема.

    Стефан се надева дека ќе се покаже во најдобро светло и ќе успее да ги импресионира организаторите и етаблираните композитори, по што ќе си го трасира својот пат кон успех.

    „Се надевав, но ни на сон не очекував дека вака брзо ќе се одвиваат работите. Затечен сум и изненаден, полека земам воздух, но мислам дека сум доволно талентиран и подготвен да се претставам пред светот“, заклучува Илиевски.

    Стефан музиката ја сака од најмала најмала возраст, на четири години свирел по слух, подоцна завршил нижо и средно музичо училиште и се запишал на Музичката академија во Скопје.

    Членува во бендот Кисити, како клавијатури и пратечки вокали , заедно со Александар и Милош Краљевски, со кој настапувале на гитаријади во соседните држави од екс-Ју просторот, имале три самостојни турнеи.