Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановецот Бајрам Мамутовски од Боксерскиот клуб Куманово, прогласен е за најдобар боксер на Меѓународен турнир во Лесковац, Р. Србија.
На турнирот учествувале над 30 боксери од Србија, Македонија, Косово и Албанија, кои се натпреварувале во повеќе категории, во сениорска, јуниорска и кадетска конкуренција.
„Нашиот клуб учествуваше се двајца боксери Бајрам Мамутовски и Фурхан Јашаровски. И двајцата постигнаа добри резултати и освоија златен и сребрен медал, но за најдобар боксер на турнирот беше прогласен Бајрам Мамутовски“, кажа тренерот Самет Салиевски.