Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општинскиот Сојуз на спортови по повод 11 Октомври - Денот на народното востание организира повеќе спортски активности. Трки и турнири во неколку спортови ќе се одвиваат на различни локации и во различно време.
Во 10.30 часот ќе започне турнир во пинг-понг за малди во организација на ППК Куманово во спортската на Гимназијата Гоце Делчев. Истовремено, на атлетската патека во Соколана ќе започне Меѓународниот атлетски митинг на АК Куманово.
Во 11 часот ќе стартува ракометен турнир во организација на МРК Куманово, во спортската сала на економското училиште Перо Наков.
Велосипедската трка „Трофеј 11 Октомври“ на булеварот Октомвриска револуција (пред спортската сала) започнува во 12.30 часот. Организатор е ВК Вело М од Куманово.
Во 19 часот Аикидо клубот Агатсу организира аикидо семинар.
Спортските риболовци, пак, на 15 октомври, во недела во 8 часот ќе го одржат Меѓународниот куп 11 Октомври во организација ЗСРРК Пчиња на езерото Гого монд.
Општинскиот Сојуз на спортови Куманово ги повикува сите љубители на спортот да ги проследат или да се вклучат во овие настани за зедничка прослава на државниот празник.
Сите спортски настани се под покровителство на Општина Куманово.