Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Боксерот Бајрам Мамутовски (17) од Куманово, член на „БК Куманово 84“ е прогласен за првак-јуниор на Македонија за 2023 година во категорија до 48 килограми од Националната боксерска федерација, откако викендов победи на Државното поединечно првенството во бокс во Штип.
Мамутовски во финалето беше подобар од охридскиот боксер Мартин Озменски и освои златен медал.
„Ова е само уште една потврда на квалитетот на Мамутовски. Прогласувањето на државен првак за него ќе биде голема мотевација во понатамошните борби. Се испалтеше досегашниот труд и работа, која во наредниот период ќе биде поинтензивана, затоа што следната цел ни е учество на Евроспкото првенство и освојување на златен медал. честитки за храброста и борбеноста на нашиот малд боксер, пред кого е бласкава кариера“, вели неговиот тренер Самет Салиевски.
Тој вели дека интересот за боксот во Куманово се зголемува, и секојдневно доаѓаат млади на тренинзите. Негова желба е да се врати боксот во градот и да изградат нови имиња како некогашните олимпијци.