Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општинскиот фудбалски сојуз Куманово во четврток во 20 часот ќе го состaви списокот на екипи кои ќе се натпреваруваат во рамките на општинската фудбалска лига. Во игра се 22 локални фудбалски екипи.
Натпреварите треба да стартуваат во првата недела од септември. Со жрепка ќе одлучиме кој со кого ќе игра. Позитивно е тоа што женскиот фудбал се развива и се враќа во Куманово. Имаме таков тим во Речица. Општинската лига се игра во две полусезони или во трокружен систем. Ако се 22 екипи, тоа значи 11 кола. Натпреварите се играат за време на викендите. Си има дисциплинска комисија , а дел од спортските работници се казнети бидејќи лани имаа паралелен сојуз - вел Марјан Томовски, секретар во Општинскиот фудбалски сојуз.
Лани најдобра беше фудбалската екипа од Речица. Со освојување на лигата, победникот поминува во следниот ранг и се натпреварува со појаки екипи.