×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Давам збор, не одам во Манчестер сити

    14.06.2011 13:12 | KumanovoNews

    Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо тврди дека сигурно нема да го напушти кралскиот клуб, и оваа лето да се пресели во Манчестер Сити кои се спремни да му понудат „кули и градови“.

    Давам збор, не одам во Манчестер сити

    Во медиумите пред два дена се појави приказна дека португалецот е на листата на желби на „граѓаните“ кои се спремни да му дадат плата од 400000 фунти неделно, дрес со број 7 и капитенска лента.

    Сепак Роналдо се реши да ја демантира таа вест.

    Не, нема да го напуштам Реал. Запишете го тоа, ви го давам мојот збор. Се чувствувам добро и сакам да го одработам договорот со Реал, а доколку ми понудат нов, ќе го продолжам - изјави Роналдо.

    Тој не ги следи приказните од транфер периодот, и не е информиран дека Реал сака да ги доведе Агуеро и Наимар. Роналдо смета дека треба да се задржи Емануел Адебајор.

    Не сум знаел за тоа, но и двајцата се одлични. Не можам да се замислам себе покрај Агуеро, но тој е одличен играч. Наимар го гледав неколку пати и ме воодушеви. Сепак кога би бил на местото на претседателот на Реал, би го задржил Адебајор - изјави Роналдо.

    Посебна незаинтересираност покажа кон трансфер активностите на Барселона.

    Навистина не ме интересира, можат да го доведат Јохан Кројф и Диего Марадона ако сакаат. Со сета почит кон нив, но воопшто не ме интересира кого ќе доведат.