Денеска играат Македонија и Португалија
26.05.2012 09:37
| KumanovoNews
Денеска во 18 часот во Леирија, Македонската фудбалска репрезентација ќе игра против домаќинот Португалија. Првата контролна средба Португалија ја игра со Македонија, а ќе се натпреваруваат и со Турција пред настапот на Европското првенство.

Во напад португарскиот тим ќе оди со Роналдо, Кваремжа и Хелдер Постига. Во одбрана ќе играат Мигел Лопез, Бруно Алвеж, Пепе и Фабио Контрао. Голот ќе го чува Едуардо. Португалците се надеваат на убедлива победа.
На трибините ќе ги бодрат 15.000 љубители на фудбалот.