Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Женската репрезентација на Македонија вечерва во салата „Чаир“ во Ниш го игра првиот натпревар на 10 Европско првенство што се одржува во Србија. Почетокот на дуелот е во 18.15 часот.
Покрај Македонија и Франција во првото коло од оваа група играат Шведска и Данска (почеток 20:15 часот).
Македонската селекција од вчера се наоѓа во Ниш, каде го одржа и првиот тренинг. Но, за селекторот Гино Стезовски немаше убави вести, бидејќи десното крило Марија Папуџиева се повреди и најверојатно нема да игра на денешниот натпревар со Франција, а претходно се повреди Елена Ѓеоргиевска, а потоа на старот од подготовките отпадна и Матилда Атанасоска.
Состав: (голмани) Тања Андрејева, Дијана Наумоска, (крила) Симона Гроздановска, Драгана Пецевска, Драгица Митрова, Марија Папуџиева, (бекови) Мирјета Бајрамоска, Душица Ѓоргиевска, Зорица Деспотовска, Марија Штериова, Билјана Црвенковска, Ивана Саздовски, Јулија Николиќ, Савица Мркиќ, (пикери) Робертина Мечевска, Наташа Младеновска.