×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Денеска почнува големиот боксерски турнир „Мирослав Петровиќ“ во Куманово

    02.06.2023 09:40 | Сузана Николиќ

    Во Куманово, денеска и утре ќе се одржи третиот Меѓународен боксерски турнир „Мирослав Петровиќ“.  

    Денеска почнува големиот боксерски турнир „Мирослав Петровиќ“ во Куманово

    Првите натпревари ќе започнат денеска во 12 часот и попладне во 17 часот, а ќе продолжат утре/сабота/ во 13 и 19 часот, кога ќе се играат финалните мечеви. Потоа ќе се одржи церемонија за прогласување на победниците и затворање на турнирот.  

    Оваа година сите актвности ќе се одржат во салата на Средното училиште „Перо Наков“, поради лошите временски услови откажана е првичната замисла да биде на отворено во дворот на „Соколана“.

    На меморијалниот турнир ќе учествуваат боксери од Словенија, Молдавија, Хрватска, Австрија, Германија, Албанија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Босна и Херцеговина и Косово.

    „Љубителите на боксот два дена ќе уживаат во одлични натпревари, и можат да присуствуваат на 24 меча во јуниорска и сениорска категорија. Подготвуваме и едно големо изненадување за посетителите. Во финалето ќе имаме посебна атракција - меч помеѓу  две девојки. Едната е од Германија, која е по потекло од Куманово, а втората е од Србија.  Оваа година турнирот ќе биде спектакл, каков што заслужува Куманово и тренерот Мирослав Петровиќ, кој целиот свој живот го посвети на боксот и промоција на својот град“, вели Самет Салиевски, тренер на БК Куманово и координатор на турнирот.   

    Тој ги повика сите граѓани кои го сакаат боксот и спортот,  да дојдат во што поголeм број, бидејќи покрај тоа што ќе можaт да проследат одлични мечеви, ќе се сретнат и со боксерските легенди. 

    На турнирот ќе присуствуваат најдобрите боксери од просторите на поранешна Југославија, порашени шампиони и олимпијци: Тадија Качар,  Миодраг Перуновиќ, Сретан Мирковиќ, Антон Јосифов, Аце Русевски, Реџеп Реџеповски, Мирко Пузовиќ, Лука Парлов, Драган Вујковиќ и Дејан Завец.

    „Имаме прекрасна организација и годинешниов турнир ќе ги надмине сите предходни. Имаме максимална поддршка од сите спортски и општествени чинители, и мислам дека ќе ова ќе биде празник на спортот“, кажа Влајко Стојчевски, од организацискиот одбор на турнирот. 

    Турнирот го организира Боксерскиот клуб Куманово во соработка со Боксерската федерација на Македонија и Сојузот на спортови во Куманово а под покровителство на Агенција на малди и спорт и Општина Куманово.