×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Димитриевиќ нов тренер на КК Куманово

    01.10.2023 13:32 | Сузана Николиќ

    Кумановецот Горан Димитриевиќ е нов тренер на Кошаркарскиот клуб „Куманово“. Помошник тренер е Тино Шаботиќ.

    Димитриевиќ нов тренер на КК Куманово

    „Димитриевиќ е еден од најискусните тренери во нашиот град. Под негово водство клубот стана шампион во Втора лига во сезоната 2009/10 и уште две години успешно го водеше клубот во македонската и во балканската БИБЛ лига. Сега екипата е целосно комплетирана. Во меѓувреме потпишани се 14 договори со играчите,  останува да финализираме уште со двајца. Сите играчи се од Куманово и Скопје. Тренинзите се во тек во салата на ОУ „Кочо Рацин“ и атмосферата е одлична, веќе во сабота на гостински терен ќе го одиграме првиот натпревар со екипата на Мега Баскет во Скопје. Натпреварите на домашен терен ќе ги играме во спортската сала на „Перо Наков“, вели Виктор Божиновски, претседател на клубот.

    Димитриевиќ е некогашен успешен кошаркар и работи како професор по физичко вопитување и култура во Гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово. Доаѓа на местото на Игор Ѓорѓиевски, кој замина да работи во странство. 
     
    Божиновски вели дека клубот ги надминал финансиските проблеми и со помош на спонзорите затворена е финансиската конструкција за првата сезона. Со ваква силна екипа и мотивот што го имаат, по сите проблеми и предвидувања дека клубот ќе згасне, тој очекува дека догодина ќе се вратат во Првата лига.   

    КК Куманово испадна од Првата лига откако се соочи со финсиски проблеми, една од причините беше и поради тоа што Општина Куманово не му исплати 1,5 милион денари кои беа предвидени со програмата на Сојузот на спортови, за врвен спорт. 

    Советот на последната седница донесе одлука за пренамена на овие средства и ги расподели на други клубово. Еден милион денари доби Младински кошаркарски клуб „Куманово“, кој исто така игра во Втората лига, а останатите 500 илјади денари се поделени на неколку клубови меѓу кои Градскиот фудбалски клуб „Куманово“ кој се формираше пред една година и на ФК Башкими.