Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во првиот приватен колеџ во Македонија, "Еуро Колеџ" денеска беа прогласени најдобрите учесници на турнирот на образовни иституции што во изминатите шест недели го организираше оваа високошколска институција.
Поделени во две групи, на турнирот учествуваа екипи од основните и средни училишта, како и факултетите во Куманово.
Во првата група од натпреварувањето помеѓу администрацијата на училиштата, првото место и припадна на гимназијата "Гоце Делчев", второ место на економското училиште "Перо Наков", трето место на професорите од техничкото училиште "Наце Буѓони", додека четвртото, петото и шестото место го зазедоа екипите на земјоделското училиште "Киро Бурназ", основното училиште „Браќа Миладиновци„ и на домаќините на натпреварот ПВПУ "Еуро Колеџ".
Во втората група од натпреварувањето помеѓу учениците, први беа од "Перо Наков", второ место е гимназијата "Гоце Делчев", трето место "Киро Бурназ", четврто "Наце Буѓони" и петто место ПВПУ "Еуро Колеџ".
Во просториите на Еуро Колеџ беа доделени пехарите за освоеното прво место од натпреварувањето. Директоро на Еуро Колеџ, Љубиша Петрушевски и организаторот на натпреварувањето д-р Саво Ефремовски лично им ги врачија наградите на првопласираните училишта.
Овој турнир го организиравме како забавно дружење со натпреварувачки карактер. Во иднина ќе се потрудиме да имаме уште многу вакви дружења од областа на спортот и од останатите дисциплини. Посакуваме оваа за нас да стане традиција и затоа не застануваме тука- изјави деканот на "Еуро Колеџ", Љубиша Петрушевски.
Учесниците на турнирот не го криеја задоволството од одличната организација и дружењето на натпреварите.
Голема благодарност изразувам за иницијативата за организирање на еден ваков турнир со надеж дека ќе продолжи и во иднина, а натпреварувањата ќе се прошират на едно повисоко ниво, изјави проф. Зоран Ивановски од гимназијата.