Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во спортската сала на гимназијата „Гоце Делчев“, во недела се одржа шестиот традиционален Турнир во пинг понг за млади надежи „Куманово 2020“, во организација на Пинг понг клубот „Куманово“ и Општинскиот сојуз на спортови Куманово.
На турнирот настапија 12 пинпонгари и пингпонгарки од пет клуба во државата.
Во категорија на кадетки првото место го освои Изабела Ковачевска од ППК „Зегин Берово“, второпласирана е Елена Ѓорѓева од ППК „Струмица“, а трета е Лена Гидалова од ППК „Студент“ од Скопје.
Во категорија на кадети двоен успех на пингпонгарите на ППК „Куманово“ прво место за Андреј Василевски и второ за Ведарн Рангелов, додека третото место му припадна на Петар Јуришиќ од ППК „Студент“ од Скопје.
Турнирот за отворен го прогласи претседателот на Општинскиот сојуз на спортови Филип Колевски, кој на младите пингпонгари им посака успешни натпревари.
Турнирот се одржа со почитување на сите потребни мерки и протокол за натпревари, со намален број на натпреварувачи.