Мени

Ветеранките на „Тумба“ донесоа два медали од Скопје

07.04.2026 12:00 | KumanovoNews

Ветеранките на Тенискио клуб „Тумба“ од Куманово, остварија голем успех на Отвореното првенство во тенис за ветеранки, кое минатиот викенд се одржа на терените на ТК „Еуросет“ во Скопје.

Ветеранките на „Тумба“ донесоа два медали од Скопје

Марија Златевска и Катерина Димковска на клубот му донесоа два медали, откако се сретнаа во финалето на главниот турнир. Златевска го освои првото место, додека Димковска се закити со второто место.

Успешен настап имаше и членката на ТК „Тумба“, Драгица Илиевска Томовска, која играше во финалето на бонус турнирот.

Со новите успеси, ТК „Тумба“ Куманово продолжува да ја збогатува својата колекција на трофеи, покрај резултатите што клубот веќе ги бележи и во младинска конкуренција.