Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Фудбалскиот клуб „Куманово“ ветерани, кој е формиран пред девет месеци добива се поголема поддршка од фудбалерите, спортските работници и надлежните.
Минатата недела се поделени нови 30 членски книшки, со што бројката на активни членови сега изнесува 90. Здружението на ветерани на ФК „Куманово“ е формирано во август минатата година, со цел да се возобнови фудбалот во Куманово.
„Кај постарите играчи, тренери, фудбалски судии видлива е огромна мотивираност и елан и се надеваат дека ќе служат за пример за помладите генерации фудбалери. План ни е годинава да организираме и четири фудбалски турнири на кои ќе поканиме екипи како Борец од Велес, Брегалница од Штип и Скопје. На турнирите сакаме да дадеме свој придонес во значајните денови за градот, како што се: 1 Мај, 8 Септември, 11 Октомври и за Денот на градот - 11 Ноември“, изјави Чедомир Атанасовски, член на клубот.
Клубот работи со самофинасирање и годишната членарина изнесува 1000 денари, а ветераните очекуваат поддршка од Општина Куманово и спонзори.
На промоцијата на новите членови присуствувале и претседателот на Сојуз на спортови Куманово Филип Колевски и претседателот на новоформираниот Градски фудбалски клуб Владимир Павловски.
Овој спортски собир беше поддржан од страна на Општинскиот сојуз на спортови.