×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ГФК “Куманово“ во недела игра против “Еуромилк“, од клубот ги повикуваа граѓаните да им дадат поддршка

    29.03.2024 14:52 | Оливера Пешевска

    На стадионот во селото Доброшане - Градскиот фудбалски клуб “Куманово“ во недела во 15 часот ќе игра дерби натпревар против третопласираните на табелата ФК “Еуромилк“ Скопје.

    ГФК “Куманово“ во недела игра против “Еуромилк“, од клубот ги повикуваа граѓаните да им дадат поддршка

    Со овој натпревар се надеваат дека ќе го продолжат победничкиот поход со кој ќе ја задржат лидерската позиција во Трета лига Север, што пак може да биде билет за пласирање во повисок ранг на натпреварување.

    Раководството на клубот апелира до публиката да дојде во што поголем број, за да пружи поддршка на локалниот тим, во еден чувствителен момент.

    „Дојдете на стадионот сега кога сте ни најпотребни да ги дадеме поддршка на нашите фудбалери. Ние ви ветуваме дека ке го оставиме срцето на теренот и дека ке ја задржиме лидерската позиција на која сме од почетокот на првенството, а така ке биде и до крајот. На Македонија и е потребно фудбалско Куманово, кое е спремно да го развива фудбалот на фер и коректен начин“, истакнува Тони Раденковиќ, потпретседател на клубот.

    Од клубот велат дека на последниот натпреварот против ФК Шкендија од Арачиново, кумановските фудбалери биле подложени на притисоци, закани и вербални малтретирања. Во последното одигрно коло ГФК Куманово загубило со резултата 3:0, со што тимот на Шкендија на табелата се приближил на само еден бод разлика.

    До крајот на првенството на кумановци им остануваат уште девет натпревари, вклучувајќи го и неделниот.

    За влез во Втората лига шанса ќе има само првопласираната екипа на Трета лига Север, па приближувајќи се кон крајот на првенството раснат тензиите.