Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Високи резултати постигнаа атлетичарите на АК „Куманово“ на Купот на Македонија за младинци, кој викендов се одржа на Националната арена „Тоше Проески“ и на Воениот стадион во Скопје, во организација на Атлетската Федерација на Македонија.
Кумановските атлетичари освоија прво место во женска конкуренција и трето место во севкупен пласман.
„Теа Алексовска по трети пат го поставува државниот рекорд по фрлање кладиво, кој моментално изнесува 31,79 метри. Севкупно, Алексовска освои две први места – во фрлање диск и кладиво, второ место во фрлање ѓуле и трето место во трискок.
Дијана Вукановиќ освои две први места на трките на 400 метри со пречки и 200 метри, две втори места – трискок и 100 метри со пречки и три лични рекорди“, соопштуваат од Клубот.
На Купот на Македонија за младинци во Скопје учествуваа 20 клубови со 120 атлетичари од земјава. Натпреварувањето е важен дел од календарот на Атлетската Федерација на Македонија.
О.Пешевска