Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Параолимпиецот Миле Стојановски денеска помина низ Куманово на својот пат кон Лондон. При тоа беше примен од градоначалникот Зоран Дамјановски, кој му даде подршка да издржи на долгиот пат.
Стојановски ќе помине 3.500 илјади километри со инвалидска количка, во 14 држави, и заедно со неговиот тим на 27 јули ќе пристигне во Лондон. Од градоначалникот и Општината доби подршка за храбар потег, за самоувереноста и амбициозноста. По патот ќе се сретне со македонските амбасадори во земјите низ кои ќе помине, а подршка има и од Македонците кои живеат таму. Борецот за правата и интересите на стоте илјади Македонци со хендикеп, во Лондон ќе биде пречекан од принцот Мајкл од Кент.