Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Даниел Стојановски и Горан Трајковски се ново засилување во ГФК Куманово во преодниот рок.
Управата на клубот смета дека ангажирањето на двајца кумановци ќе даде резултати во новата сезона и ќе им обезбеди подобар пласман во фудбалската лига. Клубот сега игра во трета лига.
Стојановски, досега беше помошник тренер во Пелистер и главен тренер во Велешта, Воска Охрид и Слога Виница. Тој доаѓа на местото на Жанко Савов.
„Сметаме дека има капацитет да ја поведе екипата на местото каде што сакаат да ја видат многу кумановци, но и други љубители на фудбалот ширум Македонија“соопштува управата на клубот.
Голманот Трајковски бранел во Работнички, Македонија ЃП, Силекс на два пати, Плачковица, Воска, Саса и Слога Виница.
Клубот планира да потпише договори и засилување со уште неколку квалитетни фудбалери.
ГФК Куманово е формиран на крајот на минатата година, а Општина Куманово преку програмата за спорт му одобри 1,1 милион денари заради развој на фудбалот во градот.