Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарскиот клуб Куманово може да добие нов сопственик, доколку успешно завршат преговорите со инвеститор од Нов Зеланд, кој е заинтересиран да го купи клубот.
Од приватната фирма „Оли травел“, која е сопственик на клубот велат дека разврската ќе се знае за неколку денови.
„Преговорите се во тек, до завршување на целата постапка не сакаме ништо да кометираме, бидејќи се работи за деловна тајна не сакаме да изнесуваме детали“, велат од фирмата.
Прашањето за продажбата на КК Куманово денеска се најде како советничко прашање на седницата на Советот.
Градоначалникот Максим Димитриевски ја поздравува одлуката и смета дека доколку дојде сериозен инвеститор тоа ќе придонесе за развивање и напредок на спортот во Куманово.
„Има иницијатива за купување на клубот и камо среќа да дојде да го купи некој, и ги да преземе финсиските обврски. Оние средства од 250 илјади евра на годишно ниво кои ги даваме за развој на спортот да ги намалиме на 50 илјади и да финансираме само училишен спорт, а сериозни приватни копании да менаџираат со клубовите како што секаде во светот функционира“, истакна градоначалникот.
Со годинешната распределба на пари од буџетот на Општината на КК Куманово се доделени 1,5 милиони денари, но засега нема исплата на средставата.