Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Херцогенаурах, Германија, денеска ќе биде извршено извлекувањето на групите во Лигата на шампионите за ракометари и за ракометарки.
Македонските шампиони машката и женската екипа на Металург доколку ги поминат квалификациите ќе изборат пласман во групната фаза.
Според рејтингот екипите се поделени во пет групи:
Прв „шешир“: Кил (европски шампион), Барселона, Монпеље и Копенхаген.
Втор „шешир“: Чеховски Медведи, Веспрем, Загреб и Горење.
Трет „шешир“: Фленсбург, Атлетико Мадрид, Киелце, Шафхаузен.
Четврти „шешир“: Шамбери, Савехоф, Берлин и Адемар Леон.
Петти „шешир“: Санкт Петерсбург, ПИК Сегед, Цеље и победникот од квалификациската група 1.
Шести „шешир“: победниците од квалификациските групи 2 и 3, победникот од баражот и победникот на групата екипи со „вајлд карти“.
Најдобрите екипи и кај дамите се поделени во четири „шешири“.
Прв – Будуќност (европски првак), Ларвик, Ѓер и В‘лчеа.
Втор – Рандерс, Крим, Динамо, Турингер.
Трет – Хипо, Подравка, Савехоф и победникот на групата екипи со „вајлд карти“.
Четврти - победниците од четирите квалификациски групи.
Почетокот на извлекувањето беше во 11 часот.