×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • КК „Крива Паланка“ со најдобра кошаркарка, тренер и екипа во младинската женска лига за 2022

    28.12.2022 11:38 | Жаклина Цветковска

    Кошаркарскиот клуб „Крива Паланка“ со три престижни признанија  се најде на листата на најдобрите  во 2022 година, прогласени од Кошаркарската федерација на Северна Македонија.

    КК „Крива Паланка“ со најдобра кошаркарка, тренер и екипа во младинската женска лига  за 2022

    Екипата на КК Крива Паланка беше прогласена за најдобра женска младинска екипа во 2022 година, Мирослав Ивановски е најдобар тренер на женска екипа во младински лиги , а Михаела Алексовска од овој клуб за најдобра млада кошаркарка во оваа година, освојувајќи го втора година по ред ваквото престижно признание.

    Од кошаркарскиот клуб „Крива Паланка“ истакнуваат дека признанијата се круна на една и пол децениска работа и доаѓаат токму во сезоната кога клубот одбележува 15 години постоење.

    „Благодарност до КФСМ за доделените признанија, до сите кои го препознаа и вреднуваат трудот вложен во сите овие изминати години. Резултатите се неминовни кога макотрпно, посветено и непоколебливо се  стремите кон целта и ги прифаќате сите предизвици на патот кон градење нови млади кошаркарски генерации,  кој не е ни малку лесен. Во досегашните 15 години во клубот поминале над 3000 млади кошаркарки и кошаркари, од нив десетици репрезентативки и репрезентативци во младинските и сениорски национални тимови, а во женската кошарка го одржуваме континуитетот на врвни играчи кои го афирмираат клубот во национални и интернационални рамки. Овие признанија се показател дека вреди да се работи и создава за младите, само треба максимална посветеност од сите“, истакнува Ведран Белешковски, претседател на КК Крива Паланка.

    Тренерот Мирослав Ивановски вели  дека  му е драго  што ја добил наградата за најдобар тренер на женска младинска екипа, бидејќи женската кошарка, а и женскиот спорт кај нас се на маргините.

    „Сметам дека нема повеќе време за експериментирање, туку да ги оставиме суетите на страна, сите заедно да се посветиме и да работиме за доброто на женската кошарка. Оваа награда е заслужена бидејќи со години наназад сме во врвот на женската младинска кошарка. Со мојот колега и соработник  Ведран Белешковски, со кој сме заедно 15 години и кој  со својата упорност и ентузијазам е најзаслужен што во Крива Паланка постои кошарката, успеавме кошаркарски клуб  да опстои низ годините и да стане бренд на градот. Најголем успех за нас е што успеавме да ангажираме толку многу деца, момчиња и девојчиња со кошарката, да им ја всадиме љубовта кон овој спорт“, вели Ивановски.

    Најдобрата млада кошаркарка, Михаела Алексовска, пак,ова признание го добива  втора година по ред како резултат на упорната работа, посветеноста и вложениот труд, кои, како што вели, секогаш даваат резултати, а најважно е што некој го цени и наградува.

    „Сакам да се заблагодарам на КФСМ што го препознава и наградува мојот труд. Благодарност до моите тренери од матичниот клуб КК "Крива Паланка" : Ведран,Мики и Виктор и секако,Ики,  до сите тренери и селектори од младинските и од сениорската репрезентација со кои имав можност да соработувам. Им благодарам и  на сите мои соиграчи со кои споделував заеднички моменти, на моите спонзори: Илијана и Ненад Коцевски, Филип и Дејан, а најголема благодарност упатувам до моите родители и семејството, кои секогаш се покрај мене.Наградата е мотивација за уште поголеми достигнувања и заеднички успеси“, порача Михаела, една од најнадежните млади  кошаркарки.