Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарскиот клуб Куманово во втората фаза од регионалното БИБЛ натпреварување ќе биде дел од Група Г, со екипите: Хапоел Холон и Академик Пловдив.
Тимовите кои обезбедија уште едно разигрување се поделени во 2 групи од по 3 тимови, каде ќе играат меѓусебно по два натпревари, на домашен и на гостински терен. Како што и беше организирано, не можеше да се сретнат клубови од една иста држава.
Балканската екипа која била повисоко пласирана во првата фаза, ќе има предност со тоа што вториот натпревар ќе го игра на домашен паркет, а на првиот ќе гостува.
Втората група Г ги има: македонскиот ТФТ Скопје, Хапоел Гилбоа и Берое. Најдобрите 4 од двете групи, ќе заминат на завршниот Ф4 турнир.
(Д.Д.)