×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Клучен натпревар во квалификациите за ЕП 2011

    23.08.2010 11:30 | KumanovoNews

    Кошаркарската репрезентација на Македонија вечерва го игра клучниот натпревар од квалификациите за Европското Првенство 2011 во Литванија. Во салата „Борис Трајковски“, ја пречекуваме силната репрезентација на Велика Британија.

    Клучен натпревар во квалификациите за ЕП 2011

    Поразот од 3 разлика во Њукасл, играње пред домашна публика и можен пласман после овој меч се доволен мотив за нашите репрезентативци вечерва да изиграат на високо ниво. 

    Во екипата е најавен и Тодор Гечевски, кој и покрај скршеницата на носот изјавил дека сака да игра против Британија, а операцијата ја закажал во среда. Во случај на негово неиграње, неговото место ќе го заземе Златко Гоцевски, а како добра вест е и можниот настап на Ристе Стефанов, кој без проблеми ги одработил вчерашните тренинзи. 

    Велика Британија доаѓа во Скопје со победи во сите 5 меча, и со НБА ѕвездите Денг и Пос Менса-Бонсу во составот.

    Натпреварот почнува во 20:45.