Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарите на Русија и на Литванија обезбедија пласман на Олимписките игри во Лондон откако синоќа на квалификацискиот турнир во Каракас забележаа победи во полуфиналните средби против Нигерија, односно Доминиканска Република.
„Зборнаја“ предводена од Швед (22 п.) и Кириленко (19 п.) доминираше во текот на целиот меч со Африканците и на крајот славеше со 85-77. Литванците беа убедливи против тимот кој успеа да ги елиминира македонските кошаркари во 1/4-финалето, совладувајќи ги со 109-83.
Третиот патник за Лондон ќе биде познат вечерва по дуелот за третото место на квалификацискиот турнир во Каракас меѓу селекциите на Нигерија и Доминикана.