Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Македонската кошаркарска репрезентација успешно го започна првиот натпревар од двата предвидени за подготовките пред стартот на квалификациите за Евробаскет 2015. Тие издвојуваа победа со резултат 98-71.
Нашите кошаркари доминираа во текот на целата игра преку кој неможеа да му приредат поубаво деби на новиот селектор Александар Џикиќ.
Во првата четвртина кошаркарите беа рамноправни со репрезентацијата на Австрија (26-23), но во наредните минути од натпреварот направија разлика која противникот неможеше да ја достигне.(25-15),(51-38),(26-19).
Белгија, Данска и Белорусија се селекции кои не пречекуваат во квалификациската група.
Најефикасни во македонската екипа беа Бојан Трајковски со 20 погодоци и Дамјан Стојановски со 17 поени, додека кај противникот најистакнат играч беше Малбасик со 17 кошеви.
Во составот на македонската репрезентација ги немаше Антиќ, Меккејлеб, Гечевски, Чековски и Самарџиски.