Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ракометарките на Куманово забележаа победа на завчерашниот натпревар против тимот на Вардар со резултат 29:28.
Со оваа победа, Куманово се наоѓа на втората позиција на табелата со 4 победи и 1 нерешен резултат. Лидер во Супер лигата е тимот на Ѓорче Петров кој досега има 5 победи во 5 одиграни натпревари и е противник на Куманово во следното коло.
Граматова Пена беше најефикасна на натпреварот со 8 гола, Алмеида Андреза постигна 5 гола, а со 4 гола натпреварот го завршија Кипријановска Јована, Нолевска Наташа, Цветановска Сара и Џакмиќ Амела.
Кошаркарите на Куманово забележаа нов пораз во домашното првенство, овој пат против тимот на Кожув со резултат 95-80. Новиот американец во тимот, Самсон Акано постигна 35 поени. Куманово го зацврнува своето место на десетата позиција со 4 победи и 14 порази.